Мартинијан Кириловски со нова песна ќе настапи на фестивалот „Бисер Јадрана“ во Тиват

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот поп-пејач Мартинијан Кириловски продолжува успешно да ја гради својата музичка кариера и надвор од Македонија.

Тој ова лето ќе биде дел од престижниот регионален фестивал „Бисер Јадрана“, кој ќе се одржи на 18 јули во Тиват, Црна Гора, а ќе се емитува во живо од 21 часот на Македонската радио-телевизија.

По едногодишна пауза, Кириловски повторно ќе застане на фестивалската сцена во Тиват, каде премиерно ќе ја изведе својата најнова песна „Сирена“.

 

 

Станува збор за композиција која носи современ поп-звук, силна емоција и мелодија што лесно останува во сеќавање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Електрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч

Зад песната стои проверен авторски тим. Музиката и текстот ги потпишува Митко Чешларов, додека аранжманот е на Анѓел Ќосев. Снимањето е реализирано во студиото „Подрумот“, истото место каде е создадена и претходната успешна соработка на тимот – песната „Sećanje na april“.

„Сирена“ е инспирирана од старогрчката митологија и легендите за мистичните суштества кои со својот глас ги маѓепсувале морнарите. Оваа симболика е пренесена во современа музичка приказна за неодоливата привлечност, искушението и чувствата на кои тешко може да се одолее.

 

 

Настапот на „Бисер Јадрана“ претставува уште едно значајно регионално претставување за кумановскиот пејач, кој во последните години сè почесто настапува на меѓународни музички манифестации и го проширува својот круг на публика надвор од земјава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тепачка меѓу шест лица во Средорек. Двајца приведени

Со новата песна „Сирена“, Кириловски ќе се обиде да остави силен впечаток кај фестивалската публика и да продолжи со успешниот низ на настапи, а очекувањата се дека композицијата ќе биде едно од музичките освежувања ова лето.

Никола Ивановски