Германска амбасадорка во посета на Општина Кумановo (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Петра Дрекслер, при што биле разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и германските институции.

 

 

Како што информираше Димитриевски, на средбата станало збор за долгогодишните пријателски односи меѓу Македонија и Германија, како и за можностите за продлабочување на соработката во повеќе општествени области.

Соговорниците размениле мислења и идеи за отворање нови перспективи и иницијативи кои би придонеле за развој на локалната заедница и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лепа Брена на 29. август на Градскиот стадион во Крива Паланка

 

 

Од Општината посочуваат дека меѓународната соработка останува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, со фокус на воспоставување партнерства кои ќе донесат конкретни придобивки за граѓаните.

„Општина Куманово останува посветена на градење силни партнерства и продлабочување на меѓународната соработка во интерес на граѓаните“, порача Димитриевски по средбата.

 

 

Средбата се одржа во просториите на Општина Куманово.