ИТЕН СОСТАНОК ВО БЕЛАТА КУЌА: Руте пристигнува кај Трамп пред клучниот самит на НАТО

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пред самитот на НАТО закажан за 7 и 8 јули во Анкара.

Во последниве месеци, Трамп го критикуваше НАТО за, како што смета, недоволната поддршка за американските акции на Блискиот исток и постојано го доведува во прашање степенот на американските обврски кон алијансата.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет минатата недела најави шестмесечен преглед на распоредувањето на американските војници во Европа, што може да доведе до намалување на бројот на војници, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Му извикуваше на Трамп дека е „педофил“. Обезбедувањето го исфрли (ВИДЕО)

Руте, кој од преземањето на функцијата се обиде да го зачува единството на алијансата и да одржува блиски односи со Трамп, рече дека на претседателот ќе му ги пренесе податоците за зголемениот ангажман на европските сојузници и зголемувањето на трошоците за одбрана.

„Стотици американски авиони полетаа од базите низ Европа за да ги поддржат американските операции, а сојузниците ги зголемуваат инвестициите во одбраната“, рече Руте во интервју за Фокс њуз.

Портпаролката на НАТО Алисон Харт рече дека претстојниот самит ќе се фокусира на спроведувањето на обврските на сојузниците минатата година, вклучително и зголемување на воените трошоци, зајакнување на одбранбената индустрија и континуирана поддршка за Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Расте фрустрацијата во Москва: Трамп ги пофали воените резултати на Украина

На минатогодишниот самит, лидерите на НАТО го поддржаа планот земјите-членки да издвојат пет отсто од својот бруто домашен производ за потребите на одбраната и поврзаните безбедносни потреби во следната деценија.