Ким Џонг Ун ги обвини САД за поттикнување војни: Нашата единствена заштита е нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека земјата целосно ќе ја искористи својата позиција како нуклеарна сила и дека ова е единствениот начин да се справи со непредвидливата и комплицирана глобална безбедносна ситуација, објави денес државната новинска агенција КЦНА.

Обвинувања против САД

„Незамисливи и зачудувачки инциденти и настани“ се случуваат поради „бандитската“ алчност на хегемонистичките сили, што ги прави конфликтите низ целиот свет сè понасилни, рече Ким, обвинувајќи ги САД за влошување на крвопролевањето во Европа и Блискиот Исток.

Ким зборуваше на седница на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, која започна во саботата и заврши вчера.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калас патува во Оман: Брисел бара место во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран

Ким ги обвини САД и Јужна Кореја дека ја прават безбедносната ситуација на Корејскиот полуостров поопасна со континуирано подобрување на нивниот комбиниран нуклеарен арсенал, чија единствена цел, рече тој, е да ја нападнат Северна Кореја.

Зајакнување на воените капацитети

„Постојаното проширување и зајакнување на нуклеарните сили и целосното користење на позицијата на нуклеарна сила е најправилниот и единствен начин за активно и самоуверено справување со непредвидливата меѓународна воено-политичка ситуација која стана комплицирана на многу начини“, објавува KCNA.

Ким, исто така, нареди зајакнување на конвенционалното оружје и забрзување на изградбата на стратешки крстосувач со водени ракети од 10.000 тони.