Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во понеделник изјави дека е постигнат „голем напредок“ во разговорите со САД.
– Медијацијата на Пакистан и Катар донесе голем напредок во завршувањето на војната во Либан – објави Арагчи на платформата за социјално вмрежување X.
– Овозможен е извоз на нафта и петрохемикалии, блокадата е укината, дел од замрзнатиот имот е ослободен и започнат е голем план за реконструкција и развој за Иран – додаде тој.
Иран и САД се согласија во понеделник да воспостават линии на комуникација за да го одржат отворен виталниот Ормузски теснец и да ги прекинат борбите во Либан, соопштија медијаторите по првата рунда разговори во Швајцарија за завршување на војната на Блискиот Исток.
Тимовите предводени од потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, и претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, ги отворија разговорите во недела, како дел од двомесечниот преговарачки период утврден во прелиминарниот договор постигнат минатата недела, пренесува АФП.

