Кумановец се заканувал на поранешната 23-годишна сопруга

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека се заканувал на својата поранешна сопруга.

– На 21.06.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа М.М.(34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека отишол во семејниот дом на неговата 23-годишна поранешна сопруга и се заканувал дека физички ќе ја нападне, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет интервенции имале вчера кумановските пожарникари