САД и Иран во последен момент го откажаа состанокот во Швајцарија

Сподели со своите пријатели

Планираните разговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран за спроведување на мировниот договор беа откажани во последен момент.

Средбата требаше да се одржи во швајцарското планинско одморалиште Биргеншток, но беше одложена поради нерешени организациски и логистички прашања.

Одлуката за откажување на патувањето ја донесе потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, кој требаше да ја предводи американската делегација во Швајцарија.

Белата куќа потврди дека техничките подготовки за разговорите се уште се во тек, но дека клучните детали не се договорени.

Портпаролот на американската администрација изјави дека американската страна е подготвена да продолжи со преговорите штом ќе се создадат услови, нагласувајќи дека логистичките предизвици во ваквите процеси се чести и сложени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија му возврати на Трамп: Шефот на дипломатијата го откажа патувањето во САД, Шпанија и Белгија рекоа „Доста е“

Тој додаде дека јавноста ќе биде навремено информирана за следните чекори.

Иако Венс претходно најави патување во Швајцарија и почеток на технички разговори во текот на викендот, конечната одлука за одложување беше донесена во многу краток рок, што предизвика изненадување во дипломатските кругови и меѓу медиумите кои веќе беа подготвени за неговото патување.

Според достапните информации, иранската страна побарала и дополнителни гаранции за спроведување на привремените договори пред продолжување на преговорите, додека некои извори наведуваат дека регионалните тензии дополнително влијаеле на одложувањето.

Во меѓувреме, иако претходно беше постигнат рамковен договор кој требаше да го отвори патот за понатамошни преговори за нуклеарната програма на Иран, останува неизвесно кога всушност ќе продолжат техничките разговори и во каков формат ќе бидат организирани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судбината на Блискиот Исток се одлучува во Швајцарија!