Силен земјотрес ја погоди Индонезија!

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени го погоди индонезискиот остров Сулавеси во вторник, објавија Американскиот геолошки завод (USGS) и Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).

Земјотресот се случил во 5:27 часот наутро по средноевропско време, на релативно мала длабочина од 10 километри во близина на градот Палу во Централен Сулавеси.

Нема непосредни извештаи за штети или повредени. Не е издадено предупредување за цунами.

Сулавеси, сместен помеѓу Борнео и Папуа Нова Гвинеја, е еден од поголемите острови во Индонезија, земја од Југоисточна Азија составена од повеќе од 17.000 острови.

Индонезија се наоѓа во Тихоокеанскиот огнен прстен, геолошки најактивната зона во светот, каде што редовно се случуваат земјотреси и вулкански ерупции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За прв пат социјалните мрежи се главен извор на вести во светот

Во 2018 година, 2.200 луѓе загинаа во Палу во земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, проследен со цунами.