Викенд прогноза за Куманово: Денеска дожд и ветер, потоа затоплување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 20 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и посвежно време со услови за врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец пронајден починат покрај кошница за пчели

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 21 степен целзиусов.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се спушти до 11 степен, додека во текот на денот ќе имаме 24 степени целзиусови.

 

 

Недела носи сончево и многу топло време со умерен до умерено засилен ветер од северен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнува електронското пријавување за упис во средните училишта (ВИДЕО)

Минималната температура ќе се движи околу 12 степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 30 степени целзиусови.

 

 

Новата работна недела носи сончево и многу топло време со максимални температури и над 30 степени целзиусови.

Никола Ивановски