ООУ „11 Октомври“ со музички настан го одбележа крајот на учебната година (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Основното општинско училиште „11 Октомври“ денеска се одржа музички настан под наслов „Ритамот на генерацијата“ по повод завршувањето на учебната година.

 

 

Иницијативата за овој настан, како што информираше директорката Славица Стојановиќ, потекнува од училишниот парламент.

– Денеска организираме еден настан по повод завршување на учебната година по иницијатива на ученичкиот парламент, насловен како „Ритамот на генерацијата“. Самиот настан има и една порака дека секој ученик има свои ритам и потенцијал кој треба да се препознае да се негува и развива, изјави директорката.

 

 

Пред учениците нстапија повеќе познати локални музички имиња, меѓу кои Диџеј Тошев, Мартинијан Кириловски, Драгана Јовановска, Мартија Станојковиќ и Лука Чомбе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

 

 

Стојановиќ истакна дека учебната година помина успешно, а токму затоа училиштето одлучило да организира ваков настан за учениците.

 

 

Во текот на годината биле реализирани бројни проекти и активности, во кои учениците активно учествувале и покажале голем интерес.

– Реализиравме многу проекти учениците на секои воннаставни активности учествуваа што ги организираме учествуваат и се презадоволни, истакна директорката.

 

 

Во текот на летото ќе се реновира и подрачното училиште во селото Долно Којнаре, каде настава посетуваат над 50 ученици.

– Во подрачно училиште во Долно Којнаре се посветуваме на целосно реновирање на училиштето за да можеме да го ставиме во еднасменско работење и да овозможиме и продолжен престој на учениците од Долно Којнаре, потенцираше дитекроката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температури над 30 степени, а потоа драстичен пад

 

 

Во централното училиште во моментов има 425 ученици, а уписите за новата учебна година се во тек.

 

 

Од раководството изразуваат надеж дека бројот на новозапишани ученици ќе биде поголем од претходните години.

 

Никола Ивановски