Доставувач од Куманово натепан во Скопје, по што му ги украле производите

Сподели со своите пријатели

Доставувач на нарачки од Куманово кој работел во Скопје, бил физички нападнат по што му ги украле производите.

– На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје М.Ј.(33) од Куманово пријави дека на 04.06.2026 околу 14:55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како доставувач на нарачки, С.С., кој имал нарачано производи, му рекол дека нема пари да ја плати нарачката, по што физички го нападнал пријавителот и му ги зел производите, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температури над 30 степени, а потоа драстичен пад

Никола Ивановски