Краставицата е една од најздравите намирници, а содржи повеќе од 90 проценти вода, што ја прави одличен природен сојузник за хидратација на организмот.
Освен што освежува, таа е богата со витамин Ц, влакна и важни минерали кои придонесуваат за подобро здравје.
Редовното консумирање краставици може да помогне во зголемување на енергијата, подобрување на варењето и исфрлање на токсините од телото.
Благодарение на високата содржина на вода и нискиот број калории, таа е идеален избор за сите кои сакаат да ја одржат линијата или да ослабат.
Краставицата е корисна и за срцето, бидејќи помага во регулирање на крвниот притисок и нивото на холестерол.
Истовремено, содржи состојки кои можат да придонесат за намалување на ризикот од одредени видови рак, а се препорачува и за лицата со дијабетес поради улогата што ја има во регулирањето на шеќерот во крвта.
Нејзините придобивки не застануваат тука. Краставицата го подобрува изгледот на кожата, ги намалува подочниците и иритациите од сонце, а силициумот што го содржи придонесува за посилна коса и поцврсти нокти.
Дури и едноставно парче краставица во устата може да помогне во борбата против лошиот здив.
Затоа, додека трае сезоната, искористете ја што е можно повеќе – во салати, сендвичи, смути напитоци или едноставно како здрава ужина.
Вашето тело ќе ви биде благодарно.

