Фаловиец е еден вид долга станбена зграда изградена во Полска кон крајот на 1960-тите и во текот на 1970-тите. Има брановидна форма, а името го добила од полскиот збор за бран (fala).
Осум вакви згради се изградени во Гдањск, шестиот најголем град во Полска. Оваа зграда конкретно вклучува четири куќни броеви, висока е 32 метри, широка 13 метри и долга 860 метри.
Се смета за најдолга станбена зграда во Полска, но и една од најдолгите во Европа. Толку е долга што има три одделни автобуски станбени станици помеѓу почетокот и крајот на блокот!
Зградата е изградена во периодот од 1970 до 1973 година. Има 10 ката и приземје, 16 големи скалишта и вклучува 1.792 станови.
Во неа живеат околу 6.000 луѓе – што е приближно колку населението на цела Македонска Каменица.
Овој импресивен блок станови е дизајниран од Тадеуш Рожански, Данута Олецка и Јануш Морек и е добар пример за повоениот модернизам во Полска.

