12 литри дожд вчера во Куманово, нестабилно и денеска

Сподели со своите пријатели

Вкупно 12 литри дожд на метар квадратен наврнале вчера на територијата на кумановско, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу дожд имало во Маврови Анови, 30 литри, а најмалку во Гевгелија, само еден литар на метар квадратен.

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР со засилени контроли на мотоциклисти, мопеди и е-тротинети

Во Куманово и околинта денеска ќе имаме променливо време со услови за нестабилност во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 22 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на кумановско се издадени две метео предупредувања, портокалово за опасност од дожд и жолто за опасност од невреме со грмотевици.

 

 

Услови за нестабилно време ќе има и во сабота, и повторно од вторник следната недела.

Никола Ивановски