Пет лица добија кривични пријави под сомнение дека во угостителски објект во липковско Слупчане физички се пресметувале.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.И.(20), А.О.(48) од с.Слупчане, општина Липково и Ф.С.(19), А.С.(22) и С.О.(22), тројцата од с.Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, на 08.04.2026 во угостителски објект во с.Слупчане, по претходна расправија, пријавените физички се пресметале, додека првопријавениот и Ф.С. со употреба на тврд предмет го нападнале Л.С..
Никола Ивановски

