Триесет и шестгодишник од кумановско заработи кривична пријава под сомнение дека подолг период ја следел и вознемирувал поранешната партнерка.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(36) од село Черкези, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Пријавениот, како што додаваат од полицијата, подолг временски период вршел психичко насилство, ја следел и ја вознемирувал од различни телефонски броеви неговата поранешна партнерка, а притоа ѝ упатувал и закани.
Никола Ивановски

