Маси и столови биле украдени откако непознати сторители на сила влегле во угостителски објект во Куманово.
– На 01.06.2026 во 22:45 часот во СВР Куманово, А.Д.(39) од Куманово пријавил дека во негов угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово, во точно неутврден период во изминатите два месеци, било влезено со употреба на сила и биле одземени поголем број маси и столови, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, екипа од СВР Куманово извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

