Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди, но и за дожд во попладневните часови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а кон крајот на денот ќе има и услови за грмотевици.
Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време со услови за сонце, но и за дожд со грмотевици во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум ќе достигне 26 степени целзиусови.
Среда носи претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 28 степени целзиусови. Кон крајот на денот ќе има услови за дожд и грмотевици.
Во четврток ќе имаме променливо време со услови за сонце, но и за дожд и за грмотевици. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 22 степени целзиусови.

Променливо облачно време ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад, а температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 27 степени целзиусови.
И во сабота ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 29 степени целзиусови.
Недела исто така носи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе достигне 29 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела, со услови за повеќе дожд кон средината на седмицата.
Никола Ивановски

