Делови од населбата Карпош во Куманово денеска привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:40 до 13:30 часот прекини ќе има на улицата „100“, стариот Паланечки пат, како и месноста викана Бара и сите улици и објекти кои гравитираат кон улицата „100“.
Во истиот период прекини ќе има и на улицата „1“ во населбата, односно Никуљски пат и сите улици кои гравитираат кон оваа улица.
Никола Ивановски

