ЖРК Куманово го совлада Спартак и се пласираше во ЕХФ Купот (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вчеравечер на домашен терен славеа со 37:32 над РК Спартак и освоија можнст за пласман на Европскиот ЕХФ Куп.

 

 

Возбудливо прво полувреме прикажаа двете екипи и игра гол за гол, во која никој не успеваше да направи резултатска предност.

 

 

На полувреме екипите заминаа изедначени, за да во вториот дел кумановки се вратат фуриозно и на крајот слават со 37:32.

 

 

Со оваа победа освен што ја зацврстија својата 4. позиција во табелата пред самиот крај на првенството, избраничките на тренерот Александар Бојковски остварија и можност да се натпреваруваат во следната сезона на женскиот Европски ЕХФ Куп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР: Ветер со јачина на ураган ја погоди вчера Македонија

 

 

Во составот на Куманово извонредна игра прикажа Португалката Мариана Силва Азеведо со дури 13 реализирани погодоци, девет гола запиша и Нена Несторовска, а два помалку Бразилката Аманда Стеин.

 

 

Кај гостинскиот состав со 12 голови најефикасна беше Анастасија Николовска, додека два помалку запиша и Сара Цветановска.

 

 

До крајот на оваа натпреварувачка сезона остануваат уште две кола. Во недела кумановки го пречекуваат Чаир, а потоа следува завршниот меч против Пелистер.

 

 

Засега четвртото место на кумановки им е загарантирано.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од Куманово без струја над 18 часа, селата веќе два дена

 

Никола Ивановски