Советот на Општина Куманово утре (22 мај) ќе ја одржи својата единаесетта седница, која ќе започне во 08:00 часот во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации.
Според објавениот дневен ред, советниците ќе разгледуваат вкупно десет точки, меѓу кои одлука за давање на користење без надомест на недвижен имот во сопственост на Општина Куманово на здружението на граѓани „Доверба“, како и одлука за усвојување на Извештајот – Елаборат за проценета висина на штети од природни непогоди и други несреќи на територијата на општината во текот на 2025 година.
На седницата ќе биде разгледан и Општинскиот енергетски план за 2027 година, како и предлог-одлука за обезбедување финансиски средства од општинскиот буџет за преземање на еден административен службеник.
Значителен дел од дневниот ред е посветен на кадровски решенија во јавните претпријатија.
Советниците ќе одлучуваат за именување вршители на должност во управните и надзорните одбори на ЈП „Водовод“, ЈП „Чистота и зеленило“, ЈП „Пазаришта“, ЈП „Куманово-Паркинг“, ЈП „Куманово-Гас“ и ЈП „Куманово-План“.
Целосниот дневен ред во продолжение:
1. Предлог – Одлука за давање на користење без надомест на недвижна ствар, сопственост на Општина Куманово на здружение на граѓани „Доверба“;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај – Елаборат за проценета висина на штети од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Куманово во 2025 година;
3. Општински енергетски план за 2027 за Општина Куманово;
4. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за преземање на 1(еден) административен службеник;
5. Предлог – Одлука за именување на 1 вршител на должност на Надзорен одбор (област финансиско работење) на ЈП„Водовод“- Куманово;
6. Предлог – Одлука за именување на 3 вршители на должност на (1 од област на финансиско работење и 1 од област дејност на претпријатие) Надзорен одбор на ЈП„ Чистота и зеленило “- Куманово;
7. Предлог – Одлука за именување на 2 вршители на должност (1 област финансиско работење) на Управен одбор и 1 вршител на должност (област на правни науки) на Надзорен одбор на ЈП„Пазаришта“- Куманово;
8. Предлог – Одлука за именување на 1 вршител на должност на Управен одбор и 2 вршители на должност Надзорен одбор (1 од областа на правни науки и 1 од област дејност на претпријате) на ЈП„Куманово – Паркинг“- Куманово;
9. Предлог – Одлука за именување на 1 вршител на должност на (област на правни науки) Управен одбор и 1 вршител на должност (област финансиско работење) на Надзорен одбор на ЈП„Куманово – Гас“- Куманово;
10. Предлог – Одлука за именување на 1 вршител на должност (област -дејност на јавно претпријатие) на Надзорен одбор на ЈП„Куманово – План“- Куманово.
Никола Ивановски

