Младиот пејач од Куманово, Филип Александровски, ја промовираше својата нова песна „Ноќ за памтење“, со која повторно го привлекува вниманието на публиката и љубителите на македонската музика.
Станува збор за нов музички проект зад кој стои тим познати музички имиња.
Музиката, аранжманот, миксот и мастерингот се дело на Димитар Андоновски, додека текстот го напиша Магдалена Цветкоска.

Видеозаписот за „Ноќ за памтење“ го режираше Алек Тасевски од „EyeContact“, кој преку модерна и динамична визуелна приказна ја надополнува емоцијата на песната.
Филип Александровски, кој доаѓа од Куманово, и сезонава се натпреварува во шоуто „Ѕзездите на Гранд“, со овој проект продолжува да ја гради својата музичка кариера и да го претставува градот на музичката сцена со нов и современ звук.
Никола Ивановски

