УХМР најавува нестабилност со врнежи, дожд и локално невреме

Сподели со своите пријатели

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.

Денеска, во петок и за време на викендот, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), краткотрајно во форма на невреме.

Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 km/h).

Денеска низ Македонија ќе имаме променливо облачно вре,е со повремени врнежи од дожд.

Локално во западните и јужните делови ќе има појава на нестабилност со пообилен пороен дожд, (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските гимнастичари освоија 15 медали на Државното првенство (ФОТО)

 

 

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

 

Никола Ивановски