Продолжуваат активностите за партерно уредување околу објектот на кумановската спортска сала, објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Станува збор за дел од поширокиот проект за реконструкција и модернизација на спортската сала, кој се реализира во повеќе фази.

Проектот опфаќа ново партерно уредување, реконструкција на пристапните површини, поставување урбана опрема и подобрување на условите за посетителите и спортистите.

Во тек е и проектот за поставување на нов систем за греење и ладење на објектот, инвестиција со која значително ќе се подобрат условите за одржување на спортски натпревари, тренинзи и други активности.

Кумановската спортска сала е еден од најзначајните спортски објекти во градот, каде се одржуваат спортски натпревари, тренинзи и бројни манифестации.

Никола Ивановски

