Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да ја претставува Европа во идните преговори со Москва за европските безбедносни аранжмани.
„Ако ѝ дадеме право на Русија да назначи преговарач во наше име, знаете, тоа не би било многу мудро“, изјави Калас пред новинарите во Брисел, според Ројтерс.
Таа изјави дека, со оглед на тоа што Шредер лобираше за руските државни компании, тој ќе „седне од двете страни на масата“.
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека, доколку се одржат преговори меѓу ЕУ и Русија, Шредер би бил негов претпочитан посредник, пренесува Танјуг.
Германски функционер рече дека понудата не е веродостојна бидејќи Русија не променила ниту еден од своите услови, додавајќи дека првиот тест ќе биде дали Москва е подготвена да го продолжи тридневниот прекин на огнот, пренесува Ројтерс.

