Хезболах испука ракети врз израелски војници во јужен Либан

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека либанската вооружена група Хезболах испукала неколку ракети утрово врз израелски војници распоредени во јужен Либан.

Според армијата, ракетите паднале во близина на израелски единици, но нема повредени или материјална штета меѓу војниците во инцидентот, објави „Тајмс оф Израел“.

ИДФ соопшти дека извршиле напади врз повеќе од 15 цели на Хезболах во јужен Либан претходниот ден.

Целите, според израелската војска, вклучувале магацини и погони за производство на оружје, командни центри, места за лансирање ракети и погони што ги користела вооружената група, пренесува „Танјуг“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Среде преговорите, Израел го уби синот на главниот преговарач на Хамас