Иранскиот министер за надворешни работи Сејед Абас Арагчи се сретна во Пекинг со својот кинески колега Ванг Ји, со кого разговараа за прашања од заеднички интерес.
Како што објави агенцијата Тасним, двајцата министри разменија мислења за билатералните односи и актуелните регионални и меѓународни прашања.
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера ја повика Кина директно да му пренесе на Арагчи дека континуираното непријателство во Ормутскиот теснец ќе доведе до „глобална изолација“ на Техеран, пренесува Танјуг.
„Се надевам дека Кинезите ќе му кажат она што треба да му се каже, а тоа е дека она што Иран го прави во теснецот предизвикува глобална изолација – „Вие сте лошите момци во ова. Не треба да разнесувате бродови. Не треба да поставувате мини“, рече Рубио, обвинувајќи го Иран дека „се обидува да ја држи глобалната економија како заложник“, според Си-Ен-Ен.
Рубио оцени дека е во интерес и на Кина да го отвори Ормутскиот теснец.

