10 хектари букова шума запалена во липковско

Сподели со своите пријатели

Борова шума на површина од околу десет хектари вчера била зафатена од пожар во селото Отља во општина Липково.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот е над каменоломот, на површина од десет хектари и на многу непристапен терен.

– Таму теренот е непристапен за гаснење за моторни возила. Пожарот се движи во правец на атарот на село Матејче и во атар на село Отља, велат од РЦУК.

Поради непристапниот терен вработените во Шумско стопанство кои биле излезени на терен морале да се повлечат со најава дека интервенцијата ќе продолжи денеска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почна поставувањето на нов систем за греење и ладење во Спортската сала во Куманово

Во гаснењето секако ќе помогне и дождот кој во регионот паѓа од утринава.

Никола Ивановски