Во рускиот напад на Одеса синоќа се повредени 13 лица, изјави денеска Сергиј Лисак, шеф на регионалната воена администрација.
– Непријателот масовно ја нападна Одеса со беспилотни летала. Зафатени беа станбени згради и градежни објекти во различни делови на градот. Според прелиминарните информации повредени се 13 лица – напиша Лисак во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
Според него, меѓу повредените има и две деца, а во рускиот напад освен станбени згради, оштетена е и хотелска зграда и автомобили.
– На ударните места работат сите надлежни служби и лекари. Распоредени се оперативни штабови. На жртвите им пружаме помош и ги елиминираме последиците од нападот – рече Лисак.

