Африканска земја формира паравоена единица: Ќе ја финансираат САД и ОАЕ – ќе брои дури 20.000 војници

Сподели со своите пријатели

Демократска Република Конго ќе формира паравоена единица за обезбедување на своите рудници, која ќе ја финансираат Соединетите Американски Држави и Обединетите Арапски Емирати, соопшти денеска Генералната инспекција за рударство на таа земја.

Ќе инвестира 100 милиони долари и ќе распореди до 3.000 вооружени регрути до декември, со цел до 2028 година да има 20.000 чувари на окна низ целата земја, се вели во соопштението, според Блумберг.

Се додава дека единицата ќе обезбеди производство, транспорт на минерали и ќе ги замени одбранбените сили кои моментално се распоредени во рударските зони.

Полицијата во моментов патролира во повеќето рударски капацитети, но членовите на војската и претседателската гарда повремено се присутни на локациите, спротивно на законот за рударство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Една од најбогатите европски земји на колена: „Морав да се преселам, пензијата од 2000 евра не е доволна“

Новата единица на крајот ќе ја замени полицијата, соопшти Генералниот инспекторат за рударство.

Конго е втор по големина светски производител на бакар и најголем производител на кобалт.

Иако овие два метали главно се експлоатираат во големите индустриски комплекси, најголемиот дел од рудата во Конго се ископува рачно од милиони рудари.

Стражарите ќе започнат со работа во југоисточниот регион Катанга, богат со бакар и кобалт, кој има и големи наоѓалишта на цинк, литиум, злато и руда од калај и тантал, соопшти Инспекторатот.