Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи пристигна во Санкт Петербург во понеделникот, објавија државните медиуми.
– Тој пристигна во понеделник рано наутро со цел да се сретне и да разговара со рускиот претседател Владимир Путин – објави на Телеграм иранската државна новинска агенција ИРНА.
Руската новинска агенција ТАСС претходно потврди дека Путин планира средба со Арагчи, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

