Ронин Доџо од Куманово со пет медали на „Шотокан Куп 2026“ во Србија

Сподели со своите пријатели

Карате клубот Ронин Доџо од Куманово оствари успешен настап на меѓународниот турнир „Шотокан Куп 2026“, кој се одржа на 26 април во Власотинце, Србија, освојувајќи вкупно пет медали – еден златен, еден сребрен и три бронзени.

На турнирот учествуваа околу 400 натпреварувачи со повеќе од 600 настапи, а покрај домаќините од Србија, свои претставници имаа и клубови од Македонија и Бугарија.

 

 

Со златен медал во кати се закити младиот натпреварувач Емил Миленковски, кој уште еднаш го потврди својот квалитет во пионерска конкуренција.

Бронзени медали во истата дисциплина освоија Марко Крстевски и Вук Величковиќ, додека во екипна конкуренција, ката-тимот составен од Емил, Марко и Вук го освои третото место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово забележа пораз од лидерот на табелата Ѓорче Петров (ГАЛЕРИЈА)

 

 

Во борбите, Емил Миленковски и Вук Величковиќ имаа солидни настапи и турнирот го завршија без повреди, но без пласман на победничкиот пиедестал.

Најзабележителен настап во борбите имаше Марко Крстевски, кој стигна до финалето и за само еден поен остана без шампионската титула, освојувајќи сребрен медал.

 

 

Тренерот на клубот, Оливер Милорадовски, по настапот истакна дека е задоволен од прикажаното, но дека секогаш има простор за напредок.

„Уште еднаш изработивме без грешки и докажавме дека со упорна работа може да направиме добар резултат. Секогаш сум самокритичен и ќе барам повеќе работа во иднина. Мора и може да работиме подобро и тоа ќе ја поправи сликата со медалите“, изјави Милорадовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово со победа ја заврши сезоната пред домашната публика (ГАЛЕРИЈА)

 

 

Посебно признание заслужува и Милица Милановска, натпреварувачка на Ронин Доџо Куманово, која на овој турнир настапи во улога на судија и, според клубот, покажа одлична работа и високо познавање на карате правилата.

Никола Ивановски