Се подготвува евакуација на стотици бродови заглавени во Персискиот Залив

Сподели со своите пријатели

Меѓународната поморска организација, агенција на ОН, работи на план за евакуација на стотици бродови заглавени во Персискиот Залив откако започнаа американските и израелските напади врз Иран пред повеќе од седум недели, изјави генералниот секретар на организацијата, Арсенио Домингез.

„Планот може да се спроведе во акција само кога има јасни знаци на деескалација. Деталите што се дискутираат вклучуваат редослед на заминување на бродовите, во зависност од тоа колку долго екипажот е заглавен, меѓу другите фактори“, рече Домингез, според Блумберг.

Според него, секој транзит би ја следел утврдената рута, т.е. шемата за раздвојување на сообраќајот предложена од Иран и Оман.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран остро го осуди нападот на САД врз бродот „Туска“

Организацијата објави дека е во контакт со крајбрежните држави, вклучувајќи ги Иран и Оман, како и државите под чии знамиња пловат бродовите, со цел да се финализира планот, пренесува Танјуг.