Изгаснат шумскиот пожар кај Глажња

Сподели со своите пријатели

Изгаснат е големиот шумски пожар кој од завчера гореше над акумулацијата Глажња во Липково.

Како што информираше утринава Кире Михаилов, заменик генерален директор на Национални шуми, до доцна во ноќта екипите се бореле со огнената стихија.

Утринава е работено на догаснување, а во меѓувреме заврнал и дожд, па не се очекува повторно да се разгори.

– Пожарот кај Глажња е целосно локализиран. Во текот на вчерашниот ден нашите екипи беа во доцна во ноќта, јас бев со нив, беше ставен под контрола со тоа што беше оневозможено неговото ширење, а во текот на утринските часови пожарот е целосно изгаснат со тоа што нема никаква можност за негово повторно разгорување затоа што од пред извесно време заврна во тој дел каде што беше пожарот така да мислам дека приказната со овој пожар е завршена, потенцираше Михаилов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Како што потенцираше тој, институциите како при секој пожар, така и за овој ќе постапат со цел да се утврдат причините кои довеле до негово избувнување.

– После секој ваков настан институциите согласно своите законски обврски постапуваат. Од моментот кога е појавен овој настан институциите работат на утврдување евентуална вина за луѓе за кои што имаме или имаат сомнежи дека имаат поврзаност со овој настан и јас искрено се надевам дека ќе го најдеме сторителот и вендаш после тоа ќе бидат поднесени сите соодветни поднесоци, најпрвин да ја добијат соодветната казна, а потоа таа казна да делува превентивно кај сите во овој период којшто ќе следи ако евентуално имаат некакви вакви намери, додава директорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 22-годишен кумановец кој возел со над 100 километри на час

Инаку пожарот избувна викендов над самото езеро Глажња и се ширеше во три правци. Пожарникарите на ТППЕ Куманово и вработените во Шумско стопанство успешно се изборија за негово локализирање и остана само кракот кон селото Брест на многу непристапен терен, кој од утринава исто така повеќе не е активен.

Никола Ивановски