Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Ангели

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат составот на КК Ангели во рамки на 3. коло од плеј-аут лигата.

Кумановци ќе можат да влезат без притисок во овој натпревар бидејќи нивниот опстанок во Супер лигата за следната сезона е загарантиран, откако извојуваат победи над Чаир и Гостивар во претходните два меча.

Од друга страна Ангели е пред испаѓање во понизок ранг на натпреварување оти засега е на самото дно од табелата без шанси за никаков пресврт.

Утрешниот меч започнува од 18 часот во Спортската сала Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарите на Куманово утре против Струга