Иран делумно го отвори воздушниот простор

Сподели со своите пријатели

Иран делумно го отвори својот воздушен простор за меѓународни летови кои минуваат низ источниот дел на неговата територија, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на таа земја.

„Воздушните патишта во источниот дел од воздушниот простор на земјата се отворени за меѓународни летови кои транзитираат низ Иран“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата Тасним.

Во него се наведува дека одлуката е донесена по безбедносни проценки во надлежното координативно тело, а согласно итното известување за воздухопловство (НОТАМ).

Според иранските воздухопловни власти, источниот дел од воздушниот простор е повторно отворен за меѓународни летови кои минуваат низ територијата на Иран, а воздушниот простор на земјата и бројните аеродроми се повторно отворени од 7:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец: „За сè е виновна Америка“

„Обновувањето на воздушниот сообраќај се одвива во фази, согласно техничката и оперативната подготвеност на цивилните и воените структури“, соопштија од Дирекцијата за цивилно воздухопловство и ги повикаа граѓаните да се информираат исклучиво преку официјални канали.

Сепак, повеќе од три часа подоцна, веб-страниците за следење летови сè уште не покажаа меѓународни летови кои го преминале Иран, а неколкумина го избегнале неговиот воздушен простор правејќи долги заобиколувања, според порталот Ал Арабија.