Протестот на албанската опозиција против владата на премиерот Еди Рама вчера прерасна во насилство пред седиштето на Владата во Тирана.
Демонстрантите фрлаа молотови коктели, а полицијата одговори со водени топови, при што некои беа повредени и приведени.
Протестот, со кој се бара оставка од премиерот Еди Рама, беше организиран од Демократската партија на Албанија (ДП) со поддршка на други опозициски партии.
Судир меѓу демонстрантите и полицијата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства кон зградата на Кабинетот на премиерот на Албанија, на што полицијата одговори со водени топови.
Според демонстрантите, употребен е солзавец и спреј.
За време на протестот во судирите со полицијата беа повредени неколку претставници и поддржувачи на ДП, а полицијата приведе неколку демонстранти.

