45-годишник со „голф“ пристигнал на ГП Табановце иако имал забрана за возење

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен возач бил приведен на ГП Табановце откако пристигнал со своето возило иако имал забрана да вози.

– На 15.04.2026 во 08:45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Р.(45) од Тетово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при извршени проверки на патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал, било констатирано дека возилото го управувал и покрај тоа што има активна забрана за управување возило од Б категорија.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел мотор за кој немал дозвола

Никола Ивановски