Кумановскиот артист Валентино Милорадовски – Брзи го претстави својот најнов музички проект „BABAYAGA“, овојпат во интернационална соработка со италијанскиот артист Goliath.
Станува збор за македонско-италијанска песна која носи модерен урбан звук и силна енергија.
Музиката, аранжманот и битот се дело на Sonny Maestro, кој го обликува целокупниот звук на песната, додека текстот е заедничка креација на Брзи и Goliath.
За финалниот аудио квалитет е заслужен eReNden, кој стои зад миксот и мастерингот.
Покрај аудио сегментот, „BABAYAGA“ добива и силна визуелна поддршка. Видеото е режирано, снимано и монтирано од Filippo Marullo, носејќи модерен и динамичен стил што совршено се вклопува со атмосферата на песната.
Песната може да ја слушнете во продолжение:

