Зеленски: Подготвен сум да се сретнам со Путин

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за директна средба со рускиот претседател Владимир Путин на неутрална територија.

„Подготвен сум да се сретнам со Путин. Секако не во Москва, ниту во Киев, но има многу други места – на Блискиот Исток, Европа или САД“, рече Зеленски во интервју за италијанското радио Раи.

Зборувајќи за Донбас, украинскиот лидер ја отфрли можноста за територијални отстапки кон Русија, предупредувајќи дека тоа ќе им овозможи на руските сили да заземат стратешки позиции без поголеми загуби и потенцијално да ја прошират офанзивата кон други градови, вклучувајќи го и Харков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија уапси новинар за предавство. Го обвинуваат за соработка со Украина

Тој, исто така, изјави дека таков потег би предизвикал длабоки поделби во украинското општество и би ја загрозил независноста на земјата.

Зеленски ги поздрави напорите на САД за постигнување примирје со Иран, оценувајќи дека тоа би можело да придонесе за ублажување на глобалната енергетска криза, но нагласи дека воената поддршка на Украина мора да продолжи.

Тој додаде дека трилатералните преговори со Русија се одложени поради фокусот на Вашингтон на Блискиот Исток, но дека тие ќе продолжат.

Украинскиот претседател ja пофали и италијанската премиерка Џорџа Мелони, нарекувајќи ја силен лидер и еден од најгласните застапници за помагање на Украина во Европа, со проценка дека нејзините односи со САД можат да придонесат за притисок врз Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Примирјето го отвора патот за дипломатија и завршување на војната

Зборувајќи за безбедносните гаранции, Зеленски ја нагласи потребата од долгорочно присуство на европски и американски партнери, предупредувајќи дека Русија би можела повторно да започне офанзива во наредните години.

Кога беше прашан за изборите, тој рече дека нивното одржување во моментов не е можно поради воени услови и безбедносни предизвици. Тој исто така изрази надеж дека САД ќе ги заострат санкциите против Русија, и покрај континуираниот извоз на нафта.