Дваесет и тригодишник од Куманово извадил нож и пиштол во обид да се пресмета со малолетник, по што бил физички нападнат.
– На 08.04.2026 во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, на 07.04.2026 околу 22:00 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, тој се сретнал со М.Ѓ.(23) од Куманово наводно за да расчистат претходно недоразбирање, а биле присутни уште неколку други лица.
Како што е пријавено, М.Ѓ. притоа извадил пиштол и нож, по што бил физички нападнат од малолетникот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување помош.
– По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

