Областа околу Либан денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 18 километри и на 77 километри од Бејрут.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени.
Не е издадено предупредување за цунами.
Според очевидци, објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот не траел долго и не бил премногу силен, а бил почувствуван и во Израел, Сирија, Јордан и Турција.
ПРОЧИТАЈТЕ И: ПАНИКА ВО ГЕРМАНИЈА: Барајќи велигденски јајца, пронашле шише со ознака „Полониум 210“

