Пајак, Таско и Ди-џеј Боно на велигденски хуманитарен концерт во ООУ „Кочо Рацин“

Сподели со своите пријатели

Под мотото „Подари насмевка, Велигден за сите“ во понеделник од 11 часот во Основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово ќе се одржи голем хуманитарен концерт.

На концертот ќе настапат милениците на младата публика Таско, Пајак и Ди-џеј Боно, како и солисти и танцови групи од самото училиште.

Хуманитарниот концерт го организира Советот на родители на училиштето во соработка со низа општествено одговорни компании и со поддршка на училиштето.

– Настанот има за цел собирање средства за поддршка на ученици од социјално загрозени семејства. Во рамки на фестивалот е предвидена богата програма со музички точки изведени од нашите ученици, како и гостувања од домашни музички изведувачи. Средствата  се собираа преку доброволен придонес од учениците, со што сите заедно ќе придонесеме кон една убава и хумана цел, исто така секој кој може и сака да допринесе во оваа акција, велат организаторите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарките на Куманово денеска против ЖРК Чаир

Како што додаваат, вваа иницијатива претставува одлична можност кај децата да се поттикнат вредности како солидарност, емпатија и хуманост.

На денот на концертот ќе бидат поставени кутии за донации, преку кои секој што сака ќе може да придонесе и да ја поддржи хуманитарната акција.

Никола Ивановски