Папа Лав XIV: Живееме во мрачен час од историјата

Сподели со своите пријатели

Светот моментално е во „мрачен час“ од историјата, изјави денес папата Лав XIV, за време на мисата за мир во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Папата рече дека „во свет кој е растргнат меѓу силите што го уништуваат, постои нов народ, кој не е жртва, туку сведоци“, пренесува Анса.

„Во овој мрачен час од историјата, Бог со задоволство нè повика да го шириме мирисот на Христос таму каде што владее смрдеата на смртта. Да го обновиме нашето „да“ за оваа мисија, која повикува на единство и носи мир“, рече папата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведска ќе купи системи за воздушна одбрана за 794,3 милиони евра

Папата Лав XIV рече дека „на овој начин, империјалистичката окупација на светот е скршена одвнатре“, и дека „насилството што досега беше закон е разоткриено“.