Рајанер: Британија е најранливата европска земја на недостиг од гориво поради војната во Иран

Сподели со своите пријатели

Велика Британија е најранливата земја во Европа на можен недостиг од гориво за авиони поради војната во Иран, изјави Мајкл О’Лири, извршен директор на Рајанер.

О’Лири предупреди дека Велика Британија се потпира на Кувајт за околу 25 проценти од своите резерви на гориво, што ја прави особено ранлива на прекини во снабдувањето.

– Од сите европски земји во моментов, Велика Британија е најранлива поради уделот што Кувајт го има на овој пазар – рече тој.

Глобалните авиокомпании веќе беа принудени да откажат летови откако војната во Иран предизвика скок на цените на горивото за авиони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папа Лав XIV: Живееме во мрачен час од историјата

Минатата недела, просечната цена на горивото беше 195 долари за барел, повеќе од двојно од минатата година, според податоците на Меѓународното здружение за воздушен транспорт.

Цените се зголемија бидејќи Ормутскиот теснец е практично затворен, низ кој минува повеќе од една петтина од светската нафта во мирно време, пишува The Guardian.

Рајанер обезбеди 80 проценти од своите трошоци за гориво до март следната година по цена од 67 долари за барел.

Сепак, О’Лири нагласи дека поголем проблем е потенцијалното прекинување на снабдувањето доколку војната продолжи.

– Доколку постои ризик десет до 20 проценти од горивото да не биде достапно во јуни, јули или август, авиокомпаниите треба да почнат да размислуваат за откажување на летови или намалување на капацитетот – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%

Тој не ја исклучи можноста за повисоки цени на билетите, иако нагласи дека компанијата „никогаш целосно не ги контролира цените“.

Рајанер го повтори својот повик до британската влада да го укине данокот за авионски патници (APD), кој е зголемен за две фунти по билет за кратки релации во економска класа од среда.

– Ова зголемување на APD го прави британскиот воздушен сообраќај помалку конкурентен во споредба со земји како Шведска, Унгарија, Словачка и Италија, каде што се укинати еколошките даноци и е забележан раст на сообраќајот, туризмот и вработеноста – рече О’Лири.

Рајанер, најголемата европска авиокомпанија со седиште во Ирска, вработува повеќе од 26.000 луѓе ширум светот и ова лето доби 29 нови авиони, од кои само еден беше распореден во Лондон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија воведе забрана за извоз на бензин