Трет напад за помалку од една недела: Хутите истрелаа балистички ракети кон Израел

Сподели со своите пријатели

Јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, рекоа дека истрелале низа балистички ракети кон јужен Израел.

Сирените за воздушен напад се огласија во раните утрински часови во јужен Израел, од Бершеба до брегот на Средоземното Море, јавува Асошиејтед прес (АП).

Засега нема извештаи за можни удари.

Портпаролот на Хутите, бригадниот генерал Јахја Сара, во претходно снимена изјава рече дека балистички проектили биле истрелани кон „чувствителни цели“ во јужен Израел.

Ова е трет напад на Хутите врз Израел од петокот, кога тие повторно влегоа во војната со истрелување на првата ракета откако САД и Израел извршија масовни воздушни напади врз Иран на 28 февруари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп денеска ѝ се обраќа на нацијата, ќе објави „важни вести“ за војната во Иран

Влегувањето на Хутите во конфликтот повторно ја зголеми загриженоста дека тие би можеле да продолжат со нападите врз бродовите во Црвеното Море, што дополнително ќе го наруши глобалниот поморски сообраќај и ќе доведе до значително зголемување на цената на нафтата.