Кумановка со фотографии уценувала сопственик на угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово, поради што полицијата им поднесе кривична пријава.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање негативна слика за угостителскиот објект.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работилница во Куманово за јакнење на мултикултурниот соживот (ФОТО)

Во извршување на делото ѝ помагал второпријавениот, додаваат од МВР.

Никола Ивановски