Пакистан ги продолжува воените операции против Авганистан откако истече привремената пауза прогласена поради муслиманскиот празник Фитр Бајрам, изјави во четврток портпаролот на Министерството за надворешни работи на Пакистан, пишува Ројтерс.
Меѓусебни обвинувања
Судирите меѓу поранешните сојузници започнаа минатиот месец.
Пред прекинот на огнот, властите во Кабул објавија дека во пакистански воздушен напад врз центар за рехабилитација од дрога во авганистанскиот главен град минатата недела загинаа повеќе од 400 лица.
Пакистан ги отфрли тврдењата на талибанските власти за тој напад, нагласувајќи дека извршил „прецизни напади врз воени објекти и инфраструктура за поддршка на терористите“.

