Кумановец ја нападнал својата сопруга, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Педесет и деветгодишен кумановец бил приведен завчера по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.

– На 23.03.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А (59) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 63-годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени шест лица, организирале борба на кучиња во Куманово