Папата повика на забрана за воздушни напади

Сподели со своите пријатели

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, повика на забрана за воздушни напади во вооружени конфликти.

Тој ја осуди употребата на воздушни капацитети во конфликтите, велејќи дека ваквите напади се „случајни“.

„Никој не треба да се плаши дека смртта и уништувањето можат да дојдат од небото“, рече папата Лав Четиринаесетти.

„По трагичните искуства од 20 век, бомбардирањето од воздух треба да биде забрането засекогаш. Сепак, тие сè уште постојат и ова не е напредок, туку регресија“, рече папата, според Срна.

Поглаварот на Римокатоличката црква постојано повикува на примирје во конфликтот на Иран со САД и Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија почнува контрола на становите за издавање, казни до 500.000 евра

Папата вчера го нарече конфликтот „скандал за целото човечко семејство“.